Франција
Автобус полн со деца излетал од патот во Франција
04.03.2023 19:47
Автобуска несреќа во која повеќето патници биле деца се случила во близината на градот Корпс, во областа Изер во Франција...

Автобуска несреќа во која повеќето патници биле деца се случила во близината на градот Корпс, во областа Изер во Франција.
Во неа биле повредени 21 лице, од кои двајца возрасни, децата биле дел од зимскиот камп, автобусот превезувал 46 патници од кои 40 биле ученици во основно училиште. На свиокот на автопатот, возачот на автобусот, не го следел правецот на коловозот по што излетал во шумата.
Според полицијата, немало жртви бидејќи децата го почитувале сообраќајното правило за користење безбедносни појаси во автобусот.
