УХМР

Променливо облачно време со умерен северен ветер

05.03.2023 08:31

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 15 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека денеска ќе дува умерен северен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 15 степени.

Потоа следува период на променливо облачно време, повремено со појава на дожд претежно во западните делови од земјата, а ќе дува слаб до умерен претежно јужен до југозападен ветер кој поинтензивен ќе биде во понеделник.

Услови за поинтензивен дожд ќе има кон крајот на работната недела.