МВР

Приведен криминалец во Битола, осуден на 13 години казна затвор

05.03.2023 09:27

Тој бил осуден на казна затвор од 13 години, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување седум години и еден месец од казната.

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, вчера попладнето го лишиле од слобода И.М.(30) од Кичево.

Тој бил осуден на казна затвор од 13 години, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување седум години и еден месец од казната. Исто така, тој се сомничи дека околу 12.00 часот на  ул.„Маркс и Енгелс“ физички ја нападнал Л.С.(69) од Битола и ѝ одзел накит.

Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.