УКРАИНА

Улични битки во Бахмут, гранатирање околу Херсон

05.03.2023 09:17

Во овој град се водат улични борби, а засилено гранатирање е регистрирано и околу регионот на Херсон. Москва тврди дека противникот претрпел големи загуби.

Руските сили напредуваат кон Бахмут, но контролата е сè уште во рацете на Украинците. Во овој град се водат улични борби, а засилено гранатирање е регистрирано и околу регионот на Херсон. Москва тврди дека противникот претрпел големи загуби.

Претседателката на Европскиот парламент Мецола, очекува годинава да почнат пристапните преговори за прием на Украина во ЕУ. Официјален Киев најави дека запленетите средства од двете руски банки ќе бидат искористени за обнова на земјата.

Според Светска банка, реконструкцијата на Украина ќе чини околу 600 милијарди евра.