ГРЦИЈА

На шефот на станица во Лариса ова не му била прва грешка

05.03.2023 10:01

Машиновозачот на приградскиот воз укажал на грешката, па откако го прашал дали е се во ред, не добил одговор.

Според грчки медиуми, само неколку часа пред кобната несреќа во железничкиот сообраќај во Лариса, шефот на станицата погрешно пренасочил уште еден воз. 

Машиновозачот на приградскиот воз укажал на грешката, па откако го прашал дали е се во ред, не добил одговор.

Обвинетиот се соочува со затворска казна од десет години до доживотен затвор, но и обвиненија за повеќекратно убиство од небрежност.

Во судирот на возовите загинаа десетици лица.