ИРАН

Техеран: Ќе се враќа опремата за монтиронг во нуклеарните погони

05.03.2023 10:23

Според двете страни, подобрувањето на односите ќе го запре притисокот од Западот. Нуклеарниот договор беше потпишан во 2015 година, но три години подоцна САД еднострано се повлекоа, инсистрирајќи во него да биде вклучена и иранската ракетна програма.

Иран ќе помага во истрагата за честичките од ураниум пронајдени на непријавени локации и повторно ќе ја инсталира отстранетата опрема за мониторинг. Одлуката е донесена по посетата на Техеран од шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ – IAEA), Рафаел Гроси.

Според двете страни, подобрувањето на односите ќе го запре притисокот од Западот. Нуклеарниот договор беше потпишан во 2015 година, но три години подоцна САД еднострано се повлекоа, инсистрирајќи во него да биде вклучена и иранската ракетна програма.

Вашингтон ги врати санкциите против Техеран, по што Иран постепено почна да ги суспендира своите обврски договори, вклучително и за бројот на напредните центрифуги и степенот и количеството на збогатен ураниум.