Тенис

Ден за паметење за Надал

06.05.2014 14:15

Вчерашниот ден во Мадрид мина незаборавно за најдобриот тенисер на планетата Земја Рафаел Надал, кој го доби најголемото признание на градот Мадрид.

Тој стана ”син“ на метрополата нешто за што треба многу труд за да се заслужи. Едногласната одлука донесена уште лани од советот на град Мадрид ја заслужи Надал со своите 27 години од кои, 23 ги има посветено на тенисот. Интервал за кој Рафа досега има освоено 62 АТП титули, од кои 13 на грен слем турнирите. Има Олимписко залто за Шпанија 2008-та и дел е на четири пати од освојувачкиот тим на Дејвис Купот.

Градоначалничката на Мадрид, Ана Ботеља упати многу пофални зборови кон Надал. Дел од нив се дека, тој е добар човек со големо срце и душа и дека со својата оригиналност ја има сета почит и искрена љубов од целиот град.

Рафаел вели дека за него ова е посебен ден. Додава, дека неговата девиза и во тенисот и воопшто во животот, е дека секогаш треба и го почитува противникот. Треба да се биде пожртвуван, трпелив, дисциплиниран, да се работи напорно и да се биде ентузијаст. Тоа се само дел од вредностите кој ја прават личноста и како спортист и како човек подобра.

Дали ова укажана чест, ќе биде и одговорност плус, за тенисерот роден на Балериските шпански острови да се одбрани мадридскиот мастерс трофеј.