КИНА

Кечијанг: Нашите вооружени сили треба да се подготват за воени операции

05.03.2023 11:21

Кина планира да го зголеми буџетот за војска за 7,2 насто, а ќе се зајакнува и борбената готовност.

Пекинг претстави дел од своите цели на годишната седница на кинескиот парламент. Премиерот Ли Кечијанг ја истакна потребата од економска стабилност и зголемување на трошоците, вклучувајќи ги и оние во одбраната. 

Кина планира да го зголеми буџетот за војска за 7,2 насто, а ќе се зајакнува и борбената готовност.

Премиерот Ли се залага за конструктивен развој на односите со Тајван, предложувајќи процес на т.н. „мирно обединување“, но и преземање решителни чекори против независноста на островот, кој го смета за своја територија.