СРБИЈА

Четири деца загинаа во пожар во Нови Пазар

05.03.2023 11:45

Според неофицијалните информации, децата се на возраст од 6 месеци до 5 години, a несреќата се случила од невнимание бидејќи родителите се грееле со термо печка и греалка.

Четири деца загинаа од задушување од чад, откако во стан во населбата Јалија во Нови Пазар избувна голем пожар. Според неофицијалните информации, децата се на возраст од 6 месеци до 5 години, a несреќата се случила од невнимание бидејќи родителите се грееле со термо печка и греалка.

Родителите се тешко повредени со изгореници и до четврти степен. Хоспитализираните се борат за живот.

Пожарот бил забележан од двајца случајни минувачи. Еден од очевидците изјави дека пожарот најверојатно започнал во ходникот.