Планинското спасување да се регулира со законско решение, бара Националниот сојуз
Со развојот на планинскиот и авантуристички туризам во земјава се наметнува потреба и од организиран систем за планинско спасување. Вака смета Националниот сојуз кој од надлежните бараат да се донесе и законско решение кое ќе ја регулира оваа материја...

Со промоцијата на планинскиот и авантуристички туризам во земјава се наметнува и потребата од воведување на организиран систем на планинско спасување. Вака сметаат од Националниот сојуз од каде бараат ова материја да се регулира со законско решение, бидејќи сè поголем е бројот на гости за авантуристички туризам во земјава.
Националниот сојуз во Струмица имаше панел-дискусија каде ја презентира актуелната состојба, но и предизвиците и современите трендови за спасување во планина. Членови се и алпинистите од клубот „Скала“, кои тврдат дека Југоистокот има основа за планински туризам, но е потребен и систем на спасување.
Во земјава најактивна на тоа поле е планинската спасувачка екипа од Охрид, која во 2021-ва година регистрирала 50-тина повици од туристи кои побарале помош.
Ване Трајков
