„Важно е да се викаш Ернест“ утревечер премиерно во Театар Комедија
06.05.2014 14:22
Утревечер примиера на нова претстава по класичлен текст на Оскар Вајлд, „Важно е да се викаш Ернест“, а во модерна изведба на сцената на Театар Комедија.

Директорот на НУ Театар Комедија, Јелена Жугиќ денеска на прес-конференција рече дека станува збор за прва од трите премиери, во оваа трета сезона од постоењето на театарот. Оваа година за разлика од минатите две, посочи таа, театарот ќе се обиде да постави малку поинаков тип комедија.
Режијата е на малдата режисерка Ирена Стеријовска, која рече дека се обиделе да создадат една тривијална бајка за сериозни луѓе, односно една приказна во која љубовта победува.