Здравство

На Детската клиника почина деветмесечното бебе, белодробната слабост предизвикана од туберкулоза

05.03.2023 12:38

Почина деветмесечното бебе кое пред десетина дена во тешка здравствена состојба беше примено на Детската клиника. Потврдени сомнежите дека белодробната слабост му е предизвикана од туберкулоза…

Почина деветмесечното бебе од Куманово кое пред десетина дена, во тешка здравствена состојба беше примено на Детската клиника во Скопје. Потврдени сомнежите дека белодробната слабост му е предизвикана од туберкулоза.

Безуспешни биле обидите за реанимација. Од болницата „Козле“, детето на Детската клиника беше донесено на 24-ти февруари како итен случај, беше сместено во одделот за интензивна нега, интубирано и ставено на машина.

Неговата мајка била болна од туберкулоза, од каде што најверојатно и тоа се заразило.