Временска прогноза
Сончево со мала до умерена облачност
06.03.2023 08:22
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а на високите планини ќе врне слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 15 степени.
