Домашно кошаркарско првенство, Супер Лига – 8.коло

Две дербија и жестока борба за плеј-офот

06.05.2014 14:39

Кошаркарскиот шампионат на Македонија влегува во завршницата на суперлигашката фаза. До почетокот на плеј-офот преостануваат уште три кола, коишто ќе ги одредат појдовните позиции од кои четирите најдобри тима ќе влезат во разигрувањето за титулата.

Осмата суперлигашка рунда го носи дерби-натпреварот меѓу двете водечки екипи досега. Шампионот МЗТ Скопје Аеродром, којшто е единствен непоразен тим сезонава, од 19 часот ќе му гостува на второпласираниот Кожув. Ланските плеј-оф финалисти ќе ја имаат последната пресметка пред можната нивна меѓусебна серија и во годинашното разигрување. Мечот во Скопје го доби МЗТ, пред Кожув е да покаже колку сезонава може против нашата најдобра екипа.

Од 17.30 часот, со директен пренос на МРТ-1, ќе се одигра мечот Струмица-Лирија. Струмичани наредија седум нули во седумте одиграни средби и немаат шанси за плеј-офот, но неколку пати останаа со кратки ракави поради поради немање среќа во завршницата од натпреварите и најавија дека во нив има капацитет за подобри резултати. Мечот е од поголемо значење за Лирија, којашто е пред победнички императив за да остане во трка за место во разигрувањето. Проблем за скопскиот тим ќе биде тоа што на клупата нема да биде тренерот Марјан Илиевски, којшто е суспендиран на еден меч поради исклучувањето на претходниот дуел со Кожув.

Последниот натпревар од ова коло, којшто исто така најдиректно ќе решава за место во плеј-фот, Работнички-Куманово, ќе се одигра в среда од 19 часот.