мвр
120 санкционирани возачи во населба Драчево во Скопје
06.03.2023 08:49
Во текот на вчерашниот ден спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на населба Драчево во Скопје...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на населба Драчево во Скопје. При контролата санкционирани се 120 возачи, од кои 80 за возење повеќе од дозволената брзина, 10 за возење без возачка дозвола, две мерки за возење под дејство на алкохол.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, информираат од МВР.
