Грција
Шефот на станицата во Лариса останува во притвор додека трае судењето
06.03.2023 09:07
59-годишниот маж се товари за загрозување на безбедноста во сообраќајот, убиство од небрежност и нанесување телесни повреди...

Началникот на железничката станица во Лариса, чијашто одлука доведе до најсмртоносната железничка несреќа во Грција, ќе биде задржан во притвор додека трае судењето. 59-годишниот маж се товари за загрозување на безбедноста во сообраќајот, убиство од небрежност и нанесување телесни повреди.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, судирот го нарече невидена, страшна железничка несреќа и вети целосна, независна истрага. Во сударот меѓу патничкиот и товарен воз, загинаа 57 лица, во меѓувреме протестите продолжуваат.
