Труција
Нова трагедија во Турција, се урна шесткатница
06.03.2023 09:11
Се урна шесткатница, извлечени повредени спасувачките екипи извлекоа неколку повредени лица од шесткатница која се урна во турскиот град Шанлиурфа. Причината која доведе до несреќата е големото оштетување на објектот од силните земјотреси...

Се урна шесткатница, извлечени повредени спасувачките екипи извлекоа неколку повредени лица од шесткатница која се урна во турскиот град Шанлиурфа. Причината која доведе до несреќата е големото оштетување на објектот од силните земјотреси што ја погодија земјата на 6-ти февруари.
Катастрофата во Турција остави речиси два милиони луѓе без покрив над главата. Многумина беа сместени во шаторски кампови, а дел веќе се вратиле во оштетените домови.
