Македонија

Меѓународен Форум за женско лидерство

06.03.2023 09:13

Во организација на Универзитетот за Туризам и Менаџмент – Скопје денеска ќе се одржи Меѓународен Форум за женско лидерство, на кој истакнати дами од повеќе области ќе дебатираат на темата „Жените пишуваат историја“...

Во организација на Универзитетот за Туризам и Менаџмент – Скопје денеска ќе се одржи Меѓународен Форум за женско лидерство, на кој истакнати дами од повеќе области ќе дебатираат на темата „Жените пишуваат историја“.

На Форумот најавено е учество на амбасадорките на Кралството Шведска и на Србија, Еми Ларсон Џеин и Невена Јовановиќ, на гувернерката на Народната Банка Анита Ангеловска Бежоска, на директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, на почесната конзулка на Канада во земјава Анета Пешева, жени истакнати во бизнис заедницата, дами кои го движат образованието, жени двигатели на медиумите и дами докажани во културата и уметноста.

Меѓународниот Форум за женско лидерство ќе го отвори ректорот на Универзитетот за Туризам и Менаџмент, проф.д-р Аце Миленковски.