Битката за Бахмут продолжува
Битките во Бахмут не престануваат, градот стана симбол на борбата за контрола на индустрискиот регион. Русија го анектираше без да преземе целосна контрола врз областа...

Украинскиот претседател Зеленски, изјави дека неговата армија е ангажирана во „болна и тешка“ битка против руските сили во регионот Донбас.
Битките во Бахмут не престануваат, градот стана симбол на борбата за контрола на индустрискиот регион. Русија го анектираше без да преземе целосна контрола врз областа. Шефот на руската платеничка група „Вагнер“ изјави дека руските позиции околу Бахмут ќе бидат сериозно загрозени ако неговите трупи не добијат муниција.
Украинската војска кажа дека во последните 24 часа одбила 95 руски напади во областа на Бахмут. Во меѓувреме, германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе има „последици“ доколку Кина испрати оружје во Русија.
