САД
Вонредна состојба во Калифорнија поради снегот
06.03.2023 09:22
Во Калифорнија прогласена вонредна состојба, поради снежните наноси кои надминуваат три метри. Спасувачките екипи работат деноноќно со цел да им пристапат на заедниците во планинските региони...

Во Калифорнија прогласена вонредна состојба, поради снежните наноси кои надминуваат три метри. Спасувачките екипи работат деноноќно со цел да им пристапат на заедниците во планинските региони отсечени од останатиот дел.
Повеќе од 75.000 жители се без струја. Надлежните велат дека ќе биде потребно повеќе од една недела да се стигне до некои области.
Покрај проблемите со снегот и ниските температури, граѓаните се соочуваат и со недостаток на храна.
