Македонија
Народниот правобранител ќе го испитува случајот со бебето кое почина од туберкулоза
06.03.2023 10:04
Мајката на бебето е заболена од туберкулоза и е хоспитализирана, додека позитивни на болеста се и таткото и останатите деца, но тие немаат симптоми...

Народниот правобранител ќе го испитува случајот со бебето што почина на детската клиника, заразено со туберкулоза, донесено во тешка состојба и не се избори со болеста.
Комисија ќе ја истражува грижата за него и делувањето на социјалните служби.
Мајката на бебето е заболена од туберкулоза и е хоспитализирана, додека позитивни на болеста се и таткото и останатите деца, но тие немаат симптоми.
За болеста има вакцина, не се шири лесно, велат епидемиолозите.
