Историска победа на Ливерпул против Јунајтед
Ливерпул оствари историска победа откако со неверојатни 7-0 го совлада Манчестер Јунајтед, тоа беше највисоката победа против големиот ривал остварена некогаш...

Синоќа Ливерпул оствари историска победа откако со неверојатни 7-0 го совлада Манчестер Јунајтед, тоа беше највисоката победа против големиот ривал остварена некогаш.
Ова не е само обична победа, тоа е триумф кој носи самодоверба за подобри резултати до крајот на сезоната, а за Манчестер јунајтед може да биде удар кој ќе им ја разниша добрата форма во која беа пред гостувањето кај Енфилд.
Тоа што е најважно за Ливерпул, клубот е многу блиску до четвртото место кое води во Лигата на шампионите и сега се во позиција работите да зависат само од нив.
Ливерпул е на петтото место со 42 бода, пред нив е Тотнем со 45, но тимот на Конте има натпревар повеќе и послаба гол-разлика, па се е во рацете на тимот на Конте.
