Македонија

„Лајка“ од денеска ќе заловува бездомни кучиња во Скопје

06.03.2023 10:44

Акцијата ќе трае во текот на целата недела, а директорката Радмила Пешевска ги повика граѓаните на Општина Аеродром да помогнат со лоцирањето и телефонски да ги пријавуваат глутниците во претпријатието...

ЈП „Лајка“ од денеска ќе почне да заловува некастрирани и агресивни бездомни кучиња во Скопје, на територијата на Општина Аеродром.

Акцијата ќе трае во текот на целата недела, а директорката Радмила Пешевска ги повика граѓаните на Општина Аеродром да помогнат со лоцирањето и телефонски да ги пријавуваат глутниците во претпријатието.

- Целта е да бидат репродуктивно неспособни и да провериме дали се здрави и вакцинирани. Додека трае третманот, кучето се објавува за домување и овие кучиња во голем број случаи си наоѓаат вдомувач. Граѓаните од овие населби слободно да се јавуваат и да пријавуваат локации, порача Пешевска.

Тим на заловувачи ќе заловува во реоните Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов и Населба Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски Центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово. Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман, информираат од ЈП „Лајка“.