Франција
За утре најавени големи протести против пензиската реформа во Франција
06.03.2023 10:45
Француските синдикати за утре најавија штрајк и демонстрации, шести по ред годинава, против реформите на пензискиот систем...

Француските синдикати за утре најавија штрајк и демонстрации, шести по ред годинава, против реформите на пензискиот систем. Некои синдикати повикаа на штрајк и во рафинериите и националната железница.
Претседателот Макрон инсистира на подигање на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години за да се избегне, како што вели, целосен колапс на државниот систем.
