кошарка
Никс славеа победа во дуелот со Селтикс
06.03.2023 11:09
Кошаркарите на Њујорк Никс, по две продолженија, славеа победа во дуелот со Бостон Селтикс. Емануел Квикли го одигра најдобриот натпревар во кариерата...

Кошаркарите на Њујорк Никс, по две продолженија, славеа победа во дуелот со Бостон Селтикс. Емануел Квикли го одигра најдобриот натпревар во кариерата и го предводеше својот тим до победата во Бостон 131:129.
Квикли одигра 55 минути, постигна 38 поени, го следеа Џулиус Рендл со 31 поен и 9 скокови и Ар Џеј Барет со 29 поени и 11 скока. Кај Селтикс се истакнаа Џејсон Тејтум со 40 поени, 11 скока и 6 асистенции, односно Џејлен Браун со 29 и Ал Хорфорд со 20 поени и 14 скока.
