Нагорно-Карабах

Жртви во судирот меѓу Азербејџан и Ерменија

06.03.2023 11:17

Петмина загинати во судирот во Нагорно-Карабах меѓу Азербејџан и Ерменија...

Петмина загинати во судирот во Нагорно-Карабах меѓу Азербејџан и Ерменија. Според Баку, во огнената пресметка загинале војници откако азербејџанската армија запрела конвој за кој се сомневала дека носел оружје.

Ереван тврди дека загинале вработени во Mинистерството за внатрешни работи на Карабах. Овој регион е меѓународно признаен дел од Азербејџан иако мнозинството од населението се етнички Ерменци.