Витамини и минерали за подобар метаболизам
Метаболизмот е под влијание на она што го јадеме, вклучувајќи ги витамините и минералите, тоа е процес што телото го користи за разградување на храната и хранливите материи за да добие енергија и да поддржува различни функции...

Метаболизмот е процес што телото го користи за разградување на храната и хранливите материи, за да добие енергија и да поддржува различни функции. Метаболизмот е под влијание на она што го јадеме, вклучувајќи ги витамините и минералите.
Брзиот метаболизам е оној кој побрзо согорува калории, а луѓето кои можат да се пофалат со тоа имаат помали шанси да се здебелат. Меѓутоа, со возраста доаѓа до природно забавување на метаболизмот. Сепак, некои витамини и минерали навистина можат да помогнат тој да биде што е можно поефективен. Иако овие витамини и минерали можеме да ги добиеме од суплементите, најдобар извор е целата храна.
Има осум витамини од групата Б, а нивното колективно име е Б комплекс. Тоа се тиамин (Б1), рибофлавин (Б2), ниацин (Б3), пантотенска киселина (Б5), пиридоксин (Б6), биотин (Б7), фолати (Б9) и кобаламин (Б12). Недостатокот на еден витамин Б може да влијае на другите, а последиците може да бидат негативни за метаболизмот.
Витамин Д за разлика од другите есенцијални витамини, луѓето можат да добијат витамин Д од сончевата светлина.
Истражувањата покажаа дека калциумот, може да биде од витално значење за метаболизмот и контролата на шеќерот во крвта, како и за здрави коски. Некои студии исто така покажаа дека комбинацијата на калциум и витамин Д може да помогне во губење на тежината.
Железо на телото му треба железо за здрав раст, развој и метаболизам. Покрај тоа, тој е важен за функционирањето на клетките и создавањето на некои хормони.
Без магнезиум, хемиските реакции кои произведуваат енергија во телото се невозможни. Тоа значи дека магнезиумот е многу важен за метаболизмот и производството на енергија.
