Боко Харам ги нуди девојчињата на продажба за 12 долари
06.05.2014 15:15
Западот изрази згрозеност, а Советот за човекови права на Обединетите нации ги осуди киднапирањето и срамните закани на лидерот на исламистите од Боко Харам дека ќе ги продаде како невести 230-те девојчиња што ги киднапираше од интернат.

„Ова се злосторства против човештвото. Девојчињата мора да им бидат вратени неповредени на семејствата“,Руперт Колвил, УНХЦР
Боко Харам ги нуди девојчињата на продажба за 12 долари. Американските аналитичари кои се обидуваат да помогнат тврдат дека ќе биде тешко да се спасат бидејќи се поделени во помали групи и одведени во соседните земји. Судбината на грабнатите ученички е во фокусот на Светскиот Економски форум во Абуџа.
