Училиштата од денеска со нов протокол и упатства во случај за дојава на бомба
Зајакнување на полициските патроли околу училиштата, забранет влез за надворешни лица во дворовите, антитерористички проверки без да се наруши образовниот процес се дел од новите протоколи...

Училиштата ги добија новите упатства по кои ќе треба да постапуваат во случај кога има дојава за бомба, нивната примена почнува денес.
Зајакнување на полициските патроли околу училиштата, забранет влез за надворешни лица во дворовите, антитерористички проверки без да се наруши образовниот процес, се дел од новите протоколи кои Владата ги донесе во соработка со МОН, Бирото за јавна безбедност и МВР.
Министерот Спасовски откри нови детали, вели дека заканите за бомби доаѓаат од адреси во Русија и Иран, а заканувачите ги плаќаат услугите со криптовалути, што го отежнува пронаоѓањето на сторителите.
