Почна изградбата на фекална и атмосферска канализација во Градско Балдовци
Ва рок од три години, околу 240 домаќинствата од Градско Балдовци во општина Струмица ќе добијат и фекален и атмосферски канализациски систем. Почнаа изведбените работи за овој проект, вреден 376 илјади евра со пари обезбедени од Министерството за транспорт и врски...

Почна изградбата на фекалниот и атмосферски канализациски систем за домаќинствата од населеното место Градско Балдовци, во општина Струмица. Станува збор за проект од 376 илјади евра, финансиран од Министерството за транспорт и врски кој треба да ги реши поплавите, но и септички јами во ова населено место.
Согласно проектот се планира изведба на околу 6,8 километри фекална, но и околу 2,6 километри атмосферска канализациска мрежа кој треба да биде готова во рок од три години.
Градско Балдовци брои околу 240 домаќинства. Атмосферската канализација ќе оди во Тркајна, додека фекалната ќе биде поврзана со Пречистителната станица на Струмица.
Ване Трајков
