Народен правобранител

Омбудсманот отвори предмет за починатото бебе од турбеколоза

06.03.2023 14:30

Народниот правобранител ќе ги испитува околностите на случајот со бебето кое почина на детската клиника а беше донесено во тешка состојба, со туберкулоза. Формирана комисија ќе бара одговор за грижата и негата на деветмесечното дете. Според извештајот на Центарот за социјални работи било утврдено дека децата живеат во добри здравствени услови а родителите биле грижливи...

Народниот правобранител го испитува случајот со смртта на бебето кое почина од туберкулоза. Тим од канцеларијата на омбудсманот отворил предмет, ги контактирал надлежните институции и собира информации. Се проверува каква била грижата и негата на бебето, но и како делувале социјалните служби.

Семејството на бебето од Куманово кое почина од туберкулоза живеело во добри услови, со хигиена на завидно ниво и не биле корисници на правата од социјална и детска заштита, информира ресорната министерка Тренчевска. Таа посочи дека службите не утврдиле пропусти во грижата на родителите кон бебето.

Деветмесечното бебе болно од туберкулоза почина по 10 дневно лекување на детската клиника откако со денови беше приклучено на механичка вентилација. Од болеста беше инфицирано целото семејство.

 

Анита Димитријевска Велковска