Коридори

Спротивставени ставови за тендерските услови за Коридорите 8 и 10

06.03.2023 15:07

Согласно со законските прописи за јавни набавки компанијата „ИРД Инженеринг“ која влегла во конзорциум со повеќе компании ги исполнила сите услови за надзорот врз Коридорите 8 и 10, уверува министерот за транспорт Бочварски по реакциите дека е несоодветна. Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Јавното обвинителство итно да отвори истрага, велат дека се менувани условите во текот на постапката за да може и фирмата загубар да го добие тендерот...

Власта и опозицијата во клинч за фирмата која врши надзор на изградбата на коридорите 8 и 10.

Додека опозицијата вели дека Јавното обвинителство, треба да отвори истрага за добивањето на тендерот за работа на фирмата Ептиса, власта со став дека сите процедури се запазени во постапката. Во ВМРО – ДПМНЕ, потсетуваат дека Владата во 2020 препорачала на институциите да не склучуваат договори со шпанската фирма, за подоцна истата да добие тендер од 22 милиони евра.

Од државни патишта тврдат дека целата постапка за тендерот е запазена, а од трите понуди избрана била најповолната.

 

Миле Ристески