Регион

Грција: Причините за трагедијата предизвикаа политички земјотрес

06.03.2023 16:17

Грчките медиуми пишуваат дека трагедијата ќе има огромни политички последици за конзервативниот премиер Мицотакис...

По трагедијата со возот во Грција во која загинаа најмалку 57 луѓе, млади луѓе протестираа во грчките градови.

Грчките медиуми пишуваат дека трагедијата ќе има огромни политички последици за конзервативниот премиер Мицотакис и планираниот датум за избори на 9-ти април, бидејќи ќе се совпадне со 40-дневната комеморација на жртвите.