Кинеската економија во фокус: Националниот законодавен дом на Кина ја започна својата работа
Пратениците го разгледаа Извештајот на Државниот совет за спроведениот план за 2022 година, како и за нацрт-планот за национален економски и социјален развој за 2023 година. Согласно плановите, втората по големина економија во светот има за цел да постигне брз економски раст од околу 5 проценти, со подобар квалитет на развој во 2023 година, со една и единствена цел ефикасна модернизација и брзо закрепнување на кинеската економија, која беше погодена од Ковид пандемијата.

14 – тиот Национален Народен Конгрес на Народна Република Кина официјално ја започна својата работа во законодавниот дом. Со состанокот претседаваше Чао Леји, кој е извршен претседател на Президиумот на двете сесии, а извештај за работата на Владата поднесе премиерот Ли Кучијанг.
Пратениците го разгледаа Извештајот на Државниот совет за спроведениот план за 2022 година, како и за нацрт-планот за национален економски и социјален развој за 2023 година. Согласно плановите, втората по големина економија во светот има за цел да постигне брз економски раст од околу 5 проценти, со подобар квалитет на развој во 2023 година, со една и единствена цел ефикасна модернизација и брзо закрепнување на кинеската економија, која беше погодена од Ковид пандемијата.
Народна Република Кина ја постави целта за раст на БДП за 2023 година на околу 5 проценти. „Треба да го зголемиме интензитетот и ефективноста на нашата проактивна фискална политика. Треба да направиме повеќе за да се спроведе внимателно монетарната политика. Социјалните политики треба да ги задоволат основните животни потреби“ се вели во Извештајот за работата на Владата, доставен од премиерот Ли Кучијанг.
Моментално, кинеската економија бележи стабилно закрепнување, со значително подобрување на побарувачката на потрушувачите, пазарната дистрибуција, индустриското производство и деловните очекувања, а економијата покажува огромен потенцијал и импулс за понатамошен раст.
„Тоа ќе биде позитивен сигнал за пазарот и ќе ја зајакне довербата, ќе ги насочи очекувањата, ќе ја прошири вработеноста, ќе го подобри животниот стандард и ќе ги спречи и ублажи ризиците за време на развојот“, се вели во Извештајот на Национална комисија за развој и реформи, за спроведувањето на нацрт-планот за национален, економски и социјален развој за 2023 година.
Претседателот Ши Џинпинг, кој е исто така генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и Претседател на Централната воена комисија, ги даде своите забелешки за време на дебатата на првата сесија на 14 - тиот Национален Народен Конгрес.
Ши Џинпинг истакна дека среќата и благосостојбата на луѓето се крајните цели за промовирање на висококвалитетен развој. Управувањето на примарно ниво и обезбедувањето благосостојба во земјата се клучни цели кон кои се стреми власта, а се од општ народен интерес, и се од фундаментално значење кога станува збор за унапредување на заедничкиот просперитет и градење на висококвалитетен живот.
Кинеската економија е меѓу главните економии во светот, а сигурноста во земјата ја прави Кина клучна движечка сила за глобалното економско закрепнување.
„Само со подеднаков акцент на растот и квалитетот на живот, со цел создавање силна синергија за висококвалитетен развој, можеме да изградиме цврста економска основа за кинеска модернизација“, изјави Хан Баочијанг, директор на одделот за економија на Националната академија за управување и национален политички советник.
Диме Ратајкоски известува од Пекинг
