Започна реконструкцијата на улицата „Радишанска“ во Бутел
Со исполнување на ветувањето за реконструкција на една од најважните сообраќајници под надлежност на Град Скопје во општината Бутел, улицата „Радишанска“ се обновува во должина од 1.100 метри, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот.

Денес започна реконструкцијата на улицата „Радишанска“ која е дел од проектот „Скопје без заборавени населби“ од програмата „За Модерно Скопје“. Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница под надлежност на Град Скопје е исполнување на уште едно децениско барање на граѓаните, информираат од градот.
Со исполнување на ветувањето за реконструкција на една од најважните сообраќајници под надлежност на Град Скопје во општината Бутел, улицата „Радишанска“ се обновува во должина од 1.100 метри, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот.
Го реконструираме коловозот на улицата на површина од 7.363 м2, рабниците и тротоарите, а граѓаните од овој дел на градот, ќе добијат соодветно партерно уредување и реконструкција на последната автобуска постојка на линијата број 57- стои во соопштението од Град Скопје.
