Шест луѓе повредени при напад со нож во Кина
06.05.2014 15:22
Во нов напад со нож на југот на Кина повредени се шест луѓе.

Ова е трет ваков напад врз цивили на метро станица за помалку од два месеци. Полицијата брзо реагирала и го уапсила напаѓачот додека уште мафтал со ножот. Во март, шест лица со ножеви убија 29 луѓе во градот Кунминг.Низ цела Кина е зголемено обезбедувањето токму поради ваквите напади со ножеви, за кои Пекинг ги обвинува екстремистите од западниот дел.
