Украина
Продолжува одбраната на Бахмут
06.03.2023 19:07
Украинските сили и натаму се држат во пеколната битка за Бахмут, додека Вашингтон соопшти дека и евентуалното освојување на овој град нема да ѝ донесе значајна предност на Русија во војната.

Украина донесе одлука за продолжување на одбраната на Бахмут, откако претседателот Володимир Зеленски се сретна со највисоките воени заповедници.
Украинските сили и натаму се држат во пеколната битка за Бахмут, додека Вашингтон соопшти дека и евентуалното освојување на овој град нема да ѝ донесе значајна предност на Русија во војната.
Руските сили веќе седум месеци се обидуваат да го опколат и освојат Бахмут, иако неговата стратешка и оперативна важност се оспорува, што доведе до најкрвавата битка во едногодишната војна.
