Европа

Нов масовен штрајк во Франција против пензиските реформи

06.03.2023 19:50

Ова е шести пат од 19 јануари луѓето масовно да излезат на протести против предложената пензиска реформа, чија цел е поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години и продолжување на времето за плаќање на придонесите потребни за добивање целосна пензија.

Франција се подготвува за уште еден масовен штрајк утре против пензиската реформа на претседателот Емануел Макрон, откако синдикатите едногласно објавија дека ќе ја „парализираат“ земјата со штрајкови и разни други демонстрации.

Ги повикувам сите вработени во државата, граѓаните, пензионерите, масовно да одговорат на повикот за протести во вторник. Претседателот на Републиката не може да остане глув, изјави генералниот секретар на реформистичкиот синдикат ЦФДТ, Лоран Бергер.

Ова е шести пат од 19 јануари луѓето масовно да излезат на протести против предложената пензиска реформа, чија цел е поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години и продолжување на времето за плаќање на придонесите потребни за добивање целосна пензија.

Огромното мнозинство Французи се „непријателски“ расположени кон оваа реформа бидејќи ја сметаат за „неправедна“, особено кон работниците на тешки работни места.