Македонија

Вооружена пресметка во Старата скопска чаршија

06.03.2023 21:55

Инцидентот се случил вечерва кога двете лица се застрелани и според првичните информации починале од повредите...

Вооружена пресметка вечерва во близина на угостителски објект во Старата скопска чаршија, пренесуваат повеќе медиуми.

Инцидентот се случил вечерва кога двете лица се застрелани и според првичните информации починале од повредите. Медиумите јавуваат и дека се повредени и неколку други лица, за што се уште нема официјална информација.

Според засега непотврдени информации, се работи за лица добро познати на криминалното подземје.

Од МВР засега само потврдуваат дека имало престрелка. Во тек е увид и прибирање на доказите.