Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

07.03.2023 08:15

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југозападните и јужните делови ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.