Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите
Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите ќе расправа за Информацијата за напредокот за родовите прашања во последните две децении во Република Северна Македонија...

Денеска Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите ќе расправа за Информацијата за напредокот за родовите прашања во последните две децении во Република Северна Македонија. Во владината Информацијата испратена до Собранието нотирани се значајни позитивни промени за родовата еднаквост во земјава во последните 20 години.
Се посочува дека и покрај напредокот во промовирањето на родовата еднаквост и зајакнувањето на жените, целосно спроведување на законодавството претставуваше вистински предизвик.
Како главни идентификувани пречки се ниската свест за прашањата поврзани со родовата еднаквост, родовите предрасуди, родовите стереотипи, предрасудите и ограничувачкиот начин на размислување, ставовите, вредностите, верувањата и перцепциите.
