Франција

Нов масовен штрајк против пензиските реформи во Франција

07.03.2023 09:37

Масовни демонстрации во Франција. Синдикати излегуваат на големи демонстрации против пензиските реформи на претседателот Макрон...

Масовни демонстрации во Франција. Синдикати излегуваат на големи демонстрации против пензиските реформи на претседателот Макрон. Синдикатите предупредија на продолжување на штрајковите во јавниот транспорт што може да парализира делови од земјата со недели.

Протестите почнаа уште утринава, демонстрантите блокираа одредени патишта. Полицијата очекува над милион луѓе на улиците во повеќе од 260 локации низ земјата.

Претставниците на синдикатите веруваат дека денеска ќе го соборат рекордот по масовност бидејќи цела Франција се враќа од неделниот училиштен одмор.

Французите негодуваат за предложените реформи за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.