Украина
Зеленски прави нови промени во тајните служби
07.03.2023 09:50
Зеленски со декрети го разреши заменик-шефот на украинската служба за безбедност, Олександр Јакушев, раководителите на две одделенија и раководителите на службите за безбедност во два украински региона. Назначени се нови луѓе на две од петте позиции...

Украинскиот претседател Зеленски со декрети го разреши заменик-шефот на украинската служба за безбедност, Олександр Јакушев, раководителите на две одделенија и раководителите на службите за безбедност во два украински региона. Назначени се нови луѓе на две од петте позиции.
Меѓу другото, побара од неговите воени команданти да пронајдат сили за да го одбранат Бахмут, град во центарот на борбите на истокот на земјата, околу кој руските сили „го стегаат обрачот“.
