Скопје
Се работи на расчистување на двојното убиство во Старата скопска чаршија и откривање на сторителите
07.03.2023 09:51
Двојно убиство се случи синоќа во Старата скопска чаршија, под Калето. Пет лица облечени во црна облека со качулки, од огнено оружје стрелале кон две лица...

Двојно убиство се случи синоќа во Старата скопска чаршија, под Калето. Пет лица облечени во црна облека со качулки, од огнено оружје стрелале кон две лица. Ги убиле на самото место.
Во престрелката имало и трет ранет, кој бил пренесен во болница, а по укажаната лекарска помош бил пуштен. Во СВР Скопје престрелката била пријавена по 20 часот. Направен е увид. По наредба на јавен обвинител, телата се дадени на обдукција. Засега нема информации за напаѓачите.
Од МВР информираат дека биле извршени службени разговори со повеќе лица, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.
