Кина
Кина со предупредување до САД од судир со „катастрофални последици“
07.03.2023 09:52
Џинпинг го осуди „угнетувањето“ на неговата земја од страна на САД...

Кинескиот претседател Ши се жали дека под раководство на САД, западот ја изолира Кина. Министерот за надворешни работи Чин ги предупреди САД од конфронтација со „катастрофални последици“.
Џинпинг го осуди „угнетувањето“ на неговата земја од страна на САД. Според него Кина во последните години се соочила со голем број нови пречки кои се заканија да го забават економскиот раст.
