Бразил
Истрага за накит од 3,2 милиони долари подарен на Болсонаро
07.03.2023 09:58
Болсонаро негираше дека сторил нешто незаконско...

Бразилскиот министер за правда и нареди на полицијата да го истражи наводното непријавување накит, подарок од Саудиска Арабија вреден 3,2 милиони долари, кој го добил поранешниот претседател Болсонаро.
Тој негираше дека сторил нешто незаконско. На бразилците им е дозволено да внесуваат стоки и подароци во вредност до 1.000 американски долари, а ако вредноста е поголема, мора да платат големи даноци.
