Алепо

Аеродромот во Алепо оштетен во израелски воздушен напад

07.03.2023 09:55

Израел извршил воздушен напад од правец на средоземното море, западно од Латакија...

Во израелски воздушен напад рано изутрината бил оштетен аеродромот во Алепо поради што не е во функција.Израел извршил воздушен напад од правец на средоземното море, западно од Латакија. Направена е материјална штета, но не се знае дали има жртви.

Израел во изминатите години нападна делови од Сирија под контрола на Дамаск, вклучително и аеродромите во Дамаск и Алепо. Земјата ретко презема одговорност.