Кривичен суд

Сопственикот на порталот „ДоказМ“, седна на обвинителна клупа

07.03.2023 11:36

Марјан Стаменковски од „ДоказМ“ спроведен во суд. Седна на обвинителна клупа за повеќе кривични дела. Судењето зад затворени врати. Се очекува да бидат изнесени информации за приватниот живот на некои јавни личности...

Судењето на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“, почна со исклучување на јавноста, затоа што во текот на ова судење се очекува да бидат изнесени информации за приватниот живот на некои јавни личности.

Исклучувањето на јавнoста е потребно за да се заштитат приватниот живот на оштетените и сведоците бидејќи се очекува да се изнесуваат лични интимни односи односно детали од животот на семејствата на оштетените и затоа сметаме дека е потребна заштита на оштетените кои се во поголем број и кои досега биле подложни на говор на омраза преку интернет порталот, побара обвинителката Зорица Павловиќ.

Обвинението за кое денеска почнува судскиот процес опфаќа неколку кривични дела и тоа: две за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, и по едно уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.