ДИК едногласно ги утврди конечните резултати од предвремените парламентарни избори

06.05.2014 15:36

Од утре идните пратеници ќе може да ги подигнат уверенијата за вршење на функцијата...

Државната изборна комисија (ДИК) едногласно ги утврди конечните резултати од предвремените парламентарни избори. Од утре идните пратеници ќе може да ги подигнат уверенијата за вршење на функцијата. 
 
На прашањето што со вратените мандати од опозицискиот СДСМ, претседателот на ДИК Никола Рилкоски се огради дека Држваната изборна комисија не е надлежна да ја коментира одлуката на 34-та избраници од опозицијата.
 
Според најавите, до крајот на неделава треба да се одржи првата собраниска конститутивна седница на која ќе се верификуваат пратеничките мандати.  
 
Со давање свечена заклетва во Собранието, обврзувајќи се на почитување на Уставот и на законите претседателот Ѓорге Иванов својот втор мандат ќе го почне на 12-ти овој месец.