Македонија
Уставен суд го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет
07.03.2023 12:51
Според толкувањето на Уставен суд, укинатиот дел, член 8 став 3, е спротивен на владеењето на правото и поделбата на државната власт...

Уставниот суд оцени дека неуставно е ограничувањето на изборот на претседателот и негов заменик на Судскиот совет само на членовите кои се избрани од Собранието, додека останатите членови на Советот со право на глас се исклучени. Велат, укинатиот дел, член 8 став 3, е спротивен на владеењето на правото и поделбата на државната власт.
Според соопштението се работи за предмет оформен во 2020-та година, а претходно два пати беше одложуван поради недобиено мнозинство, а оформен по иницијатива на адвокатот Панче Докузов.
